24фудбал

Касано: Тоти ќе биде заборавен за 20 години, само Меси, Марадона и Кројф се вечни

На изненадување на многумина, Касано застана во одбрана на Спалети во случајот со Тоти, кој и натаму е актуелна тема, за што просведочи и однесувањето на навивачите на Рома изминатиот викенд.

Италија

Антонио Касано застана во одбрана на Лучијано Спалети, а наведе дека Франческо Тоти ќе биде заборавен за 20 години, со тоа што контроверзниот Италијанец подвлече дека само Лионел Меси, Диего Марадона и Јохан Кројф се вечни.

Навивачите на „Римската волчица“ го скандираа мето на поранешниот легендарен фудбалер Тоти за време на мечот со Наполи кој заврши без голови, а со тоа испратија порака до предводникот на клубот од Неапол, Спалети во однос на темата која и натаму е актуелна, а се однесува на пензионирањето на Тоти.

Тие скандирања против Спалети се срамота, тој одлично си ја заврши својата работа во Рома, го сака клубот, зошто се случи тоа? Бидејќи направи Тоти да се пензионира? Навистина се налутувам кога ќе ги слушнам тие коментари“ рече Касано во шоуто „Бобо ТВ“, инаку водено од страна на Кристијан Виери.

Навистина некој сака да ме убеди дека Тоти се пензионирал бидејќи не играше под водство на Спалети? Јас играв во Рим, точно знам што зборувам, за мене тоа е скандал, жалам за ова што морам да го кажам бидејќи поминав прекрасен период во Рим“ додаде тој.

Спалети мораше да носи одлуки, а кога се врати се квалификуваше во Лигата на шампионите, навивачите мораат да мислат за доброто на клубот, а Спалети заслужува само пофалби, Тоти ќе биде заборавен за 20 години, само Меси, Марадона и Кројф се вечни, Де Роси ја наследи капитентската лента, а за брзо време го заборавија, Тоти ја сака Рома, а Де Роси 100 пати повеќе“ заклучи Касано.