24фудбал

Реал и Барса се откажуваат од трката по Ридигер, се зголемува можноста тој да остане во Челси

Големите побарувања за плата на Антонио Ридигер ги откажуваат Реал Мадрид и Барселона од трката по неговиот потпис.

Англија

28-годишниот дефанзивец игра во фантастична форма оваа сезона, а неговиот договор со Челси истекува по крајот од сезоната.

Челси се бори да го задржи, но интерес има и од останатите фудбалски гиганти.

Бидејќи ќе биде слободен играч, Ридгер има големи побарувања за плата, се шпекулира дека сака годишни примања од 12 милиони евра.

Тоа а сума која Реал Мадрид и Барселона во оваа ситуација не би ја одвоиле. Тоа ги зголемува шансите на Челси да добие нов потпис од дефанзивецот, иако за него се уште има интерес од ПСЖ.