24фудбал

Ванда: Потпишавме документи за развод, а потоа тој ми испрати порака како никој друг досега (ФОТО)

Се чини дека се случи крајот на сагата околу приватните проблеми со кои се соочи Мауро Икарди, а кои за момент го оддалечија од терените.

Останато

Се чини дека заврши сагата околу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и неговата сопруга која воедно е негов агент, Ванда Нара, откако за фудбалерот се веруваше дека флертувал со моделот Еухенија Чина Суарез.

Ванда на социјалните мрежи извести дека со Икарди дури и ги потпишале документите за развод, а тој се согласил на сите услови, меѓутоа потоа настанал пресврт.

Бев многу повредена од тоа што се случи, секој ден барав развод од Мауро, а кога тој увиде на фактот дека повеќе нема враќање назад, ми рече дека дека повеќе не можеме така да продолжиме, а доколку разделбата е единствениот начин за крај на таа болка, тогаш истата треба да се случи“ напиша Ванда.

Отидовме кај адвокат, а во два дена Мауро ги прифати сите услови, потпишавме и договор, а наредниот ден ми испрати порака како никој друг досега, ми пиша: Ти дадов се’, а ти имаш се’, се надевам дека би можела да бидеш среќна бидејќи тоа ќе ме направи среќен“ додаде таа во објавата.

Веднаш потоа увидов на фактот дека и да поседувам се во животот, немам ништо без него, се надевам дека овој лош момент низ кој поминавме ќе не направи посилни како двојка и семејство“ напиша Ванда која заврши со зборовите „Те сакам, Мауро“.