24фудбал

Гасперини, Мурињо и Спалети добија црвени картони, но никој од нив не знае зошто

Изминатиот викенд во Серија А како од шала се делеа црвени картони за тренерите, а повеќето од нив не знаат зошто ги добиле.

Италија

Во саботата беше исклучен Гасперини на мечот меѓу Аталанта и Удинезе кој заврши 1-1.

„Не бев лут на никој, апсолутно немам идеја зошто добив картон. Тој дојде и ми даде жолт, ништо не реков и потоа видов црвен картон. Ова е голем проблем за судиите, бидејќи никој крај аут линијата не се жалеше за ништо“, вели Гасперини.

„Судиите навистина стануваат проблем, никогаш не ги објаснуваат одлуките, никогаш не ги признават грешките. Тие се професионалци исто така, па пуштете ги да бидат професионалци како нас и да дојдат да зборуваат со медиумите, бидејќи немам идеја што тој слушна или виде. Треба да се прекине со таа заштита кон нив“.

Слично како Гасперини, и Мурињо и Спалети не знаат зошто беа исклучени на дербито кое се играше на Олимпико. Португалецот доби два жолти картони, а Спалети директен црвен.

„Не бев задоволен од некои судиски одлуки, но не кажав ни збор“, изјави Мурињо по мечот.

„Отидов кај него и му реков „Добро завршена работа“, тој извади црвен картон и ме исклучи. Шокиран сум“, вели Спалети.

Црвен картон доби и Инзаги, но тој беше очигледен, па тренерот на Интер нема замерки. Инзаги почна да вика по судијата кога беше досуден пенал за Јувентус, па го заработи црвениот картон.