24фудбал

Навивачите на Јунајтед бараат од Гери Невил да престане да го брани неговиот пријател Солшер

Гери Невил важи за највлијателниот фудбалски критичар во Англија, но впечатокот е дека колку и да е лош Солшер, тој постојано го брани.

Англија

Гери Невил и Оле Гунар Солшер заедно играа во Манчестер јунајтед, а тоа очигледно влијае за Гери да биде многу помек кон Оле отколку кон неговите претходници.

Манчестер јунајтед во последно време игра лошо и бележи катастрофални порази, особено во Премиерлигата. Во ЛШ по поразот од Јанг Бојс, дојде до две победи со пресврт во последните минути против Виљареал и Аталанта.

За разлика од Ван Гал и Мурињо, Солшер сега има многу подобар тим, доби поголеми засилувања, има широк состав, но резултатите и играта се очајни.

Навивачите на Манчестер јунајтед го загубија трпението кон Солшер, тие бараат Невил да престане да го брани бидејќи е полош од Мурињо. Го сакаат Конте, Зидан или Роџерс.

По завршувањето на вчерашниот меч, Невил рече дека Јунајтед треба да продолжи да му дава шанса на Оле.

„Во било кој друг клуб, Оле ќе беше во голема неволја вечерва. Во неодамнешната историја на Јунајтед, тој исто така ќе беше во неволја. Но поради тоа што се случи со Ван Гал и Мурињо, Јунајтед нема да му даде отказ“, вели Невил.

„Мурињо беше најдобриот тренер во светот и дојде во Јунајтед. Најдобриот тренер во светот! И не успеа тука. Конте е слободен, но јас не би го донел Конте во Манчетер јунајтед“.

„Мислам дека тој нема да се вклопи. Можеби грешам, можеби утре ќе го донесат тука и јас ќе застанам зад него, но не мислам дека ќе се вклопи. Видовме тренер со специфичен стил на игра како Луис ван Гал и не успеа тука“.

„Не велам дека не постои тренер кој би дошол и би бил добар за Јунајтед, се надевам дека еден ден кога Оле ќе замине ќе дојде таков тренер, но лично сега чувствувам дека би било погрешно да му се даде отказ на Солшер“.

Дел од пораките на навивачите на Јунајтед кон Гери Невил: