24фудбал

Жестоко беше на дерби натпреварите во Италија, тројца од четворица тренери добија црвени картони

Денеска во Италија се одиграа два дерби меча, и двата завршија без победник, но интересно, дури тројца тренери заработија црвени картони.

Италија

Прво се играше мечот меѓу Рома и Наполи кој заврши без голови, 0-0.

Мурињо во 82. минута доби втор жолт картон, автоматски црвен и беше пратен на трибини.

Во судиското продолжение црвен доби и Лучијано Спалети.

Потоа следуваше Дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус кое заврши 1-1.

Инзаги приговараше за досудениот пенал на Јувентус, па доби црвен картон од судијата.

Без црвен од тренерите единствено остана Масимо Алегри.