24фудбал

Милан вака не играл 67 години, Ибра продолжува да руши рекорди (ВИДЕО)

Милан ќе преноќи на врвот на табелата откако вечерва со 2-4 славеше на гостувањето кај Болоња, Златан Ибрахимовиќ стана само четвртиот фудбалер кој постигнал гол во Серија А со 40 или повеќе години.

Италија

Милан продолжува да реди победи, избраниците на Пиоли вечерва славеа на гостувањето кај Болоња со 2-4 за осми триумф од девет кола. Росонерите само по втор пат во својата историја имаат ваков скор, претходно имале осум победи од девет натпревари во сезоната 1954/55.

„Росонерите“ одлично го започнаа натпреварот, поведоа со голот на Леао во 16. минута, а работата дополнително им се олесни откако Сумаоро доби црвен и Болоња остана со играч помалку.

Калабрија во 35. минута погоди за 0-2 и најави лесна победа. Сепак, домаќините се вратија на стартот од второто полувреме, Ибрахимовиќ си постигна автогол. за потоа Бароу во 52. минута да реализира за 2-2.

Но следеше нов пех за Болоња, Соријано во 58. минута беше исклучен, па брочаната предност дојде до израз во финишот од мечот кога Бенасер донесе 2-3 а Златан Ибрахимовиќ стави точка во 90. минута за конечни 2-4.

Со овој погодок, Златан Ибрахимовиќ стана само четвриот фудбалер кој постигнал гол во Серија А со 40 или повеќе години.