24фудбал

Спалети: Кога имате фудбалери како Елмас, едноставно е за тренерот

Лучијано Спалети има пофалби за Елиф Елмас по победата над Легија во Лига Европа.

Италија

Наполи 75 минути се обидуваше да го скрши отпорот на Легија, а потоа даде три гола и дојде до убедлива победа од 3-0. Елиф Елмас го одигра целиот меч и асистираше при последниот погодок.

„Кога имате толку многу офанзивни фудбалер, може да барате варијанти како да го скршите противникот. Со Осимен, Мертенс и Инсиње на теренот, станува полесно да го најдете тој момент на магија“, вели Спалети.

„Елмас работеше многу напорно и кога имате фудбалери со таков однос, едноставно е за тренерот“.

„Среќен сум и мислам дека е тешко да се одигра подобро од тоа што го направивме. Фудбалерите покажаа дека сме заинтересирани за Лига Европа“.