24фудбал

„Марка“: Се потврдија предвидувањата на Реал Мадрид за Икарди

Аргентинскиот напаѓач се поврзуваше со Реал Мадрид подолг период, но ништо од тоа не се оствари, па на крајот заврши во редовите на ПСЖ.

Шпанија

Бракот помеѓу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и неговата сопруга, која воедно е негов агент, Ванда Нара е во голема криза, а сапуницата и натаму трае откако се појавија шпекулации дека фудбалерот флертувал со моделот еухенија Чина Суарез.

Икарди своевремено беше дел од плановите на Реал Мадрид како наследник на Карим Бензема во нападот на „Кралевите“, а „Марка“ пишува дека се оствариле предвидувањата на клубот од Мадрид во однос на Икарди, а како главен „виновник“ ја наведуваат токму Ванда.

Ние не можеме да го ангажираме тој фудбалер, а тоа не е негова вина“ се одзвало едно официјално лице од „Сантијаго Бернабеу“ по учеството на Ванда Нара во едно италијанско тв шоу.

Реал Мадрид конечната одлука ја донесе откако увиде на фактот дека неговата сопруга, која е негов агент делува како доста проблематична“ пишува „Марка“.