24фудбал

Во Челси стравуваат од најлошото сценарио за повредата на Лукаку

Актуелниот лидер во англиската Премиерлига по осум одиграни кола во исчекување на резултатите од скенирањето на повредата на белгискиот напаѓач.

Англија

Челси славеше убедлива победа од 4-0 над Малме на домашен терен во третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, меѓутоа „Сините“ од Лондон платија голем данок со Ромелу Лукаку и Тимо Вернер.

Двајцата напаѓачи на Челси еден по друг се здобија со повреди, а првичните шпекулации на Островот велат дека Вернер денеска се појавил во тренинг центарот на клубот без да чувствува посериозна болка, меѓутоа ситуацијата со Лукаку е крајно спротивна.

Белгиецот наводно се соочува со еден месец пауза од терените, а прашање е дали би се вратил во комбинација за настап по интернационалната пауза во последната седмица од идниот месец.

Доколку се оствари „црното сценарио“ да паузира четири седмици, во тој случај Лукаку ќе ги пропушти дуелите со Норич, Њукасл и Барнли во Премиерлигата, против Саутемптон во Лига Купот, односно возвратниот дуел на гости против Малме во Лигата на шампионите.