24фудбал

Фудбалерките со убедлива победа над Летонија за прв триумф во мундијалските квалификации

Прва победа за избраничките на Кирил Изов во мундијалските квалификации, а сето тоа во третото коло по двата воведни порази.

Македонија

Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија дојде до првата победа во квалификациите за Светското првенство кое во 2023 година се одржува во Австралија и Нов Зеланд откако славеа против Летонија во Рига со убедливи 1-4.

Рочи во 9 минута донесе почетна предност за нашиот состав, а во 28 минута капитенот Андонова ја дуплираше предноста на 0-2, но домаќинот преку Баличева две минути потоа намали на 1-2 и ја врати резултатската неизвесност.

Сепак, во второто полувреме Максути во 51 минута зголеми на 1-3, а конечниот исход на пресметката во Рига го постави Андонова со својот втор гол, овој пат од пенал во 63 минута.

Ова е прва победа за фудбалерките по поразот од Англија со 8-0, односно Австрија со 6-0, следен предизвик е дуелот со Луксембург во вторник.


Фото-вест: ffm.mk (архива)