24фудбал

Последното засилување на Арсенал доаѓа од градинка! (ВИДЕО)

Арсенал е во фокусот на јавноста откако го ангажираше Зејн Али Салман, 5 годишното дета стана нјмладиот член на академијата на „топчиите“.

Англија

Клубовите постојано се во потрага на таленти и се обидуваат да ја пронајдат следната нова ѕвезда. Арсенал сега се најде во фокуст на вниманието откако нивното последно засилување доаѓа од градинка.

Се работи за 5 годишниот Зејм Али Салман, кој стана најмладиот член на академијата на „топчиите“.

Детенцето има одлична техника, одлично се снаоѓало против далеку повозрасни деца, па почнале да го следат скаути на екипи како Арсенал, Челси, Фулам и Кристал Палас.

Неговиот татко е фан на Арсенал, па веројатно ова е една од причините што „топчиите“ успеале да ја победат конкуренцијата.