24фудбал

Познато е кои клубови му нуделе договор на Фати, му давале двојно поголема плата од Барселона

Ансу Фати призна дека имал понуди и од други големи клубови, но одлучил да го следи својот сон и да остане во Барселона.

Шпанија

Спортската новинарка Хелена Кондис Едо која е блиска до Барселона, открива дека Манчестер јунајтед, Ливерпул и ПСЖ се клубовите кои му нуделе богати договори на Ансу Фати.

Таа тврди дека тие му нуделе повеќе од двојно од она што Фати ќе го заработува од новиот договор со Барселона.