24фудбал

Германците се жалат: Клубовите што се борат за опстанок во Премиерлигата имаат повеќе пари од топ 4 во Бундеслигата

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро се пожали на нерамноправните буџети кои ги имаат во однос на екипите од Англија.

Германија

Во Англија клубовите добиваат многу повеќе за ТВ правата поради високата цена на Премиерлигата, поголеми се и спонзорските договори, па клубовите имаат големи буџети.

Фернандо Каро е пожали дека во Германија клубовите кои е во топ 4 во Бундеслигата не можат да им бидат конкурентни ниту на англиските клубови кои штотуку влегле во Премиерлигата.

„Се разбира дека ние во Бундеслигата имаме проблеми со тоа. Летото се обидовме да купиме фудбалр и на крајот клуб од Англија кој влезе во Премиерлигата беше во можност да плати повеќе пари и да му понуди повисока плата отколку ние кои сме во топ четири во Германија“, вели извршниот директор на Леверкузен, Фернандо Каро.

„Премиерлигата има многу повеќе пари и ресурси од било која друга земја. Тоа не е добро за нас. Дефинитивно не е“