24фудбал

Двојна позитивна вест за Анчелоти пред класикото против Барселона

Реал Мадрид и Барселона се подготвуваат за првата класико пресметка која ќе се случи во недела на Камп Ноу.

Шпанија

Во пресрет на овој меч докторите на Реал Мадрид му соопштија позитивни вести на Карло Анчелоти.

Италијанскиот стратег ќе може да смета на Еден Азар и Дани Карвахал за овој дуел. 

Двајцата се враќаат во стројот по повредите, но не се очекува да бидат во стартниот тим за мечот со Барселона, се верува дека ќе бидат на клупата за резервнии играчи.

Мал удар од последниот меч имаше Бензема, но и тој ќе биде подготвен за дуелот со Барселона, за разлика од Азар и Карвахал тој сигурно ќе се најде меѓу стартерите.