24фудбал

Јане Николовски е нов тренер на Борец

Борец брзо назначи замена за Борче Христов, нов тренер на велешкиот тим е Јане Николовски.

Македонија

По вчерашната елиминација од Купот на Македонија од Струга ТЛ, Борче Христов го напушти кормилото на Борец.

На негово место доаѓа поранешиот македонски голман, Јане Николовски кој во минатото беше тренер на Турново, Дрига и Победа во Македонија, а го предводеше и тимот на Арис Лимасол од Кипар.

Борец се наоѓа на 10. позиција во македонската Прва лига и има осум освоени бодови по 10 одиграни кола.