24фудбал

Конечно, Рамос има дата за дебито во дресот на ПСЖ

„Ла Парисиен“ пласира позитивни вести за Серхио Рамос, францускиот весник смета дека ја има и датата за неговото деби за ПСЖ.

Франција

Серхио Рамос дојде како големо засилување на ПСЖ, но поради повреда се уште е надвор од теренот. Тоа трае повеќе од три месеци, но на чекањето му доаѓа крајот.

„Ла Парисиен“ тврди дека од наредната недела Рамос ќе им се приклучи на соиграчите во групните тренинзи, а дотогаш ќе продолжи со индивидуалната работа.

Доколку се се одвива според планот и Рамос без проблеми ги одработува групните тренинзи, неговото деби во дресот на ПСЖ ќе се случи на 29. октомври против Лил.