24фудбал

Откриено зошто Нагелсман не седеше на клупата на Баерн: И со две дози вакцина закачил ковид-19!

Баерн утрово соопшти дека Јулијан Нагелсман е позитивен на ковид-19 и покрај тоа што има примено две дози вакцина, младиот стратег одвоено од тимот, со специјален лет, ќе се врати во Минхен.

Лига на Шампиони

Во пресрет на синоќешниот дуел помеѓу Бенфика и Баерн Минхен во Лигата на шампиони, „баварците“ соопштија дека Јулијан Нагелсман нема да седи на клупата и неговите соработници ќе го предводат тимот.

Шампионот на Германија тогаш појасни дека стратегот останал во хотелот бидејќи имал симптоми на грип.

Сепак, утрово Баерн Минхен излезе со ново соопштение и пренесе дека Јулијан Нагелсман е позитивен на ковид-19 и покрај тоа што има примено две дози вакцина.

Тој сега одвоено од тимот, со специјален медицински лет, ќе се врати во Минхен и ќе биде во изолација.