24фудбал

Леванте потврди, повредата на Барди е минато

Македонскиот фудбалер, Енис Барди почна да тренра со остатокот од тимот по паузата која ја имаше поради повредата.

Шпанија

Барди подолго време се мачеше со повреда, пред некое време почна со индивидуални тренинзи, а од синоќа им се приклучи на соиграчите.

Се очекува Барди да биде во комбинација за наредните натпревари, прв доаѓа дуелот со Севиља.

„Леванте ги продолжи подготовките за претстојниот меч со Севилја и позитивната вест е дека во тимот на тренингот се врати Енис Барди, кој ја надмина повредата на бутниот мускул“, објави Леванте.

Ова е позитивна вест и за селекторот Благоја Милевски кој би требало да го има Барди на располагање за ноемвриските натпревари на Македонија.