24фудбал

Солшер: Ова е голема победа, добри бевме и во првото полувреме

Оле Гунар Солшер смета дека неговиот тим синоќа одиграл одличен меч и остварил голема победа, тој не се согласува дека во првиот дел биле лоши.

Лига на Шампиони

По поразот од Јанг Бојс, Манчестер јунајтед врза две победи во Лигата на шампионите, против Виљареал и Аталанта, и двете беа тешко извојувани.

„Реков дека доколку ги победувате домашните натпревари и остварите некој резултат на гостински терен, тогаш сигурно поминувате понатаму во ЛШ“, вели Солшер.

„Остваривме голем резултат. Почнавме бевно во ЛШ со пораз од Јанг Бојс, да бидам искрен, тогаш црвениот картон го смени мечот. Не игравме добро против Виљареал но ги освоивме трите бода и мислам деа вечерва покажавме заедништво, дух, боребеност и верувавме во победата до која дојдовме“.

„Мислам дека бевме добри и во првото полувреме. Финишот не ни беше доволно добар. Тие имаа две шанси во тие два моменти и примивме два лесни гола. Во второто полувреме Де Хеа имаше две фантастични одбрани“.

„Второто полувреме беше подобро, но и во првото креиравме доста шанси. Не знам зошто луѓето веднаш зборуваат за непостојаност ако губите, беше 2-0 за нив, но не бевме лоши. Нашите перформанси во првиот дел не беа за да губиме 2-0, дека е така покажавме во второто полуврме“.

„Продолживме со исто темпо, само го поправивме финишот, не примивме голови и дојдовме до победата“.