24фудбал

Дака со четири гола му пресуди на Спартак Москва за победа на Лестер (ВИДЕО)

„Лисиците“ дојдоа до првата победа во групата „Ц“ по ремито со Наполи, односно поразот од Легија Варшава, а за тоа најзаслужен е Дака.

Лига Европа

Лестер дојде до првата победа во групната фаза од Лига Европа сезонава откако со голем пресврт славеше на гостувањето кај Спартак Москва со 2-4, по негативата која ја имаше од 2-0.

Спартак Москва со погодоците на Соболов и Ларсон дојде до предност од 2-0, а Дака гол шоуто го почна во самиот финиш на првиот дел откако намали на 2-1.

Во второто полувреме со дополнителни три погодоци напаѓачот на „Лисиците“ приреди вистинско шоу во Москва донесувајќи му победа на својот тим од 2-4.