24фудбал

Реакцијата на Роналдињо по ладнокрвната „паненка“ на Меси за победа на ПСЖ (ВИДЕО)

Бразилската легенда Роналдињо синоќа беше во свечената ложа на „Паркот на принцовите“ и имаше интересна реакција кога Лео Меси ладнокрвно со „паненка“ погоди за пресврт и водство на ПСЖ од 3-2.

Лига на Шампиони

ПСЖ синоќа успеа да се врати од гол негатива и да слави со 3-2 против РБ Лајпциг во 3. коло од Лигата на шампиони. Погодокот за победа беше дело на Лео Меси, Аргентинецот ладнокрвно погоди со „паненка“ од белата точка.

Бразилската легенда Роналдињо беше во севечената ложа и имаше интересна реакција на потегот на Лео Меси.

Пред почетокот на натпреварот, двајцата исто така имаа пријателска прегратка и краток разговор покрај аут линијата.