24фудбал

Навивачите на Селтик влегоа во војна со УЕФА (ФОТО)

Шкотланѓаните запишаа победа против Ференцварош, а од гледалиштето беше испратена порака до куќата на европскиот фудбал со навредлива содржина.

Лига Европа

Селтик славеше победа од 2-0 над Ференцварош на свој терен во третото коло од групната фаза во Лига Европа, а со тоа шкотскиот претставник ја запиша првата победа сезонава во тоа натпреварување.

Сепак, фактот што мечот стартуваше во терминот од 16,30 часот ги разлути навивачите на Селтик, ако се земе во предвид дека тоа е еден доста невообичаен термин во Велика Британија во работен ден.

Е*и се УЕФА“ гласеше пораката на транспарентот на навивачите на Селтик.

Трибините не беа исполнети до последното место, меѓутоа на истите имаше 50 илјади навивачи, а по мечот Селтик им се заблагодари на навивачите за поддршката.