24фудбал

Икарди се „утепал“ од плачење по Ванда, се заканил дека ќе се откаже од фудбалот доколку го остави

На Мауро Икарди тешко му паднало по одлуката на Ванда Нара да замине од Париз, напаѓачот плачел, бил во депресија, дури и се заканил дека ќе се откаже од фудбалот доколку не му се врати сопругата.

Останато

Медиумите од Аргентина денеска објавија нови детали од скандалот помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара, беа откриени дел од интимните пораки поради кои атрактивната блондинка решила да ги спакува куферите, да замине од Париз и да се врати во Милано.

Мауро Икарди веднаш отпатува Милано, ПСЖ му даде дозвола да ги реши проблемите во бракот и на момент се чинеше дека двајцата се смириле.

Сепак, последните информации велат дека Ванда Нара нема лесно да му прости и сака развод.

Сето ова прилично тешку му паѓа на Мауро Икарди, се шпекулира дека тој е во депресија, постојано плаче, дури и се заканал дека ќе се откаже од фудбалот доколку Ванда Нара не му се врати.