24фудбал

„Треба еден ден да излеземе и да се еб*ме“ - откриени пораките поради кои Ванда му се налутила на Икарди

Медиумите од Аргентина откриваат нови детали од скандалот на Мауро Икарди и Ванда Нара, откриени се детали од пораките кои фудбалерот ги испраѓал на актерката Чина Суарез.

Останато

Мауро Икарди и Ванда Нара веројатно се најпопуларниот пар во светот на фудбалот, поради начинот на кој ја започнаа врската, напаѓачот ја украде атрактивната блондинка од својот пријател Макси Лопез.

Но нивниот брак е пред распаѓање, Ванда Нара го обвини Мауро Икарди за неверство, го напушти Париз и се врати во Милано.

Медиумите од Аргентина сега пренесуваат дека Ванда Нара се решила на еден ваков чекор откако нашла интимни пораки кои Мауро Икарди ги споделувал со актерката Чина Суарез.

„Треба еден ден да излеземе и да се еб*ме, треба да одбереме некое место каде никој нема да те препознае“ - гласела една од пораките кои Чина Суарез му ги испратила на Мауро Икарди.

Иронично, Мауро Икарди бил тој кој прв се сомневал дека Ванда Нара прави нешто, па побарал да му ги покаже сите приватни пораки. Ванда Нара потоа истото го побарала од фудбалерот и на апликацијата Телеграм ја нашла спорната комуникација.

Мауро Икарди се правдал дека само разменувал пораки и флертувал и дека ништо не се случило помеѓу него и Чина Суарез.