24фудбал

Драма на „Сент Џејмс Парк“, навивач доби срцев удар, Регилон и Дајер одиграа важна улога! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Њукасл и Тотнем одреден период беше во прекин бидејќи му се укажуваше помош на навивач кој на трибините доби срцев удар.

Англија

Пред крајот на полувремето Регилон забележа дека на трибините навивач се бори за живот, дотрча кон судијата, му кажа и мечот беше прекинат. Дајер ја повика медицинската екипа која веднаш отрча на трибината да го спасува навивачот.

Последните информации велат дека животот на навивачот е спасен и тој е пренесен во болница.