24фудбал

Јаховиќ даде гол за Гезтепе, а на крај ги зема и картоните на Чакир (ВИДЕО)

Гезтепе со 2-1 победи на гостувањето кај Касимпаша, Адис Јаховиќ даде гол и си замина со интересен сувенир.

Македонија

Македонскиот напаѓач во 67. минута постигна гол за израмнување на 1-1, а до крајот на мечот неговиот тим погоди уште еднаш за комплетен пресврт и победа од 2-1.


По крајот на мечот кога даваше изјава за медиумите, Јаховиќ ги покажа картоните на главниот судија Џунејт Чакир. Картоните се со посвета од славниот судија, а ќе завршат како подарок за синот на напаѓачот.