24фудбал

Алегри: Дали Дибала ќе игра против Рома? Можеби на реваншот

Масимо Алегри вели дека Јувентус мора да освои бодови против Рома бидејќи римскиот клуб е пред нив.

Италија

Во недела во Торино се игра големото дерби меѓу Јувентус и Рома. По лошиот старт на сезоната, тимот на Алегри полека продолжува да нижи победи, тој се надева дека така ќе биде и на дербито.

„Јувентус против Рома секогаш е одличен меч каде често има контроверзи. Тука е Жозе Мурињо кој им дава карактер. Тие се пред нас и ние мора да освоиме бодови за да не паднеме далеку зад најдобрите во првенството“, вели Алегри.

„Треба добро да се подготвиме и играчите од репрезентативните мечви брзо да се префрлат на клупските обврски“.

Мората и Дибала тренираа одвоено поради повреди, Шпанецот можно е да настапи, но не и Италијанецот.

„Мората денеска ќе тренира со тимот, но ќе зависи од ризикот кој ќе можеме да го преземеме“.

„Дибала апсолутно нема да игра. Тој е далеку зад Мората. Во текот на неделата прочитав дека Дибала ќе може да игра против Рома... можеби во реваншот“.

„Мислам дека ќе биде подготвен за една недела, не повеќе од десет дена“.