24фудбал

Солшер одговори на критиките на Фергусон: И тој ги одмараше Гигс, Руни, Бекам...

Оле Гунар Солшер вели дека не е погоден од критиките на Сер Алекс Фергусон на кој не му се допадна тоа што Роналдо не го почна мечот со Евертон.

Англија

По ремито од 1-1 со Евертон на Олд Трафорд, Фергусон беше виден како во разговор со Хабиб Нурмагомедов ја критикува одлуката на Оле да го почне мечот без Роналдо.

Ферги смета дека таквиот потег му дал самодоверба на противникот бидејќи виделе дека Јунајтед не игра со најдобриот состав.

Но, Солшер не смета дека Фергусон е во право вели дека и тој во своето време ги одмарал најдобрите.

„Релаксиран сум околу тоа. Не сум се согласувал со Феругсон неколку пати и на сопругата неколку пати сум ѝ кажал дека не се согласувам со него“, вели Солшер.

„Сите ние го сакаме Кристијано. Сите го сакаме биде е уникатен, различен, ма кариера и секој сака да дојде и да го гледа. Но факт е дека тој не може да игра на секој меч, тој е физичка природа, човечка природа“.

„Фергусон знае колку е тешка оваа работа. Тој секогаш не ги играл истите 11. Тој преземал ризици да ги одмори Рајан Гигс, Вејн Руни или Дејвид Бекам, најдобрите фудбалери кои сме ги имале. Понекогаш тоа функционирало, некогаш не“.