24фудбал

На Спалети му го украдоа автомобилот

Само два дена по кражбата на автомобилот на сопругата на фудбалерот на Наполи, Деме, овој пат ново слично сценарио, овој пат со автомобилот на тренерот на тимот од Неапол.

Италија

Шефот на стручниот штаб на Наполи, Лучијано Спалети доживеал непријатна ситуација откако неговиот автомобил бил украден од паркинг пред хотелот каде тој престојува, а тоа се случило во текот на минатата вечер.

„Газета дело Спорт“ известува дека се работи за возило од типот на „Фијат Панда“, а сево ова се случува само два дена по кражбата на автомобилот на сопругата на фудбалерот Диего Деме.

Наполи каде игра нашиот репрезентативец Елиф Елмас има фантастичен старт во новата сезона од Серија А каде засега има максимални седум победи, а викендов на домашен терен го пречекува Торино.