24фудбал

Ремзи може да си замине без обештетување од Јувентус во јануари, но под еден услов

Велшанецот е на излезна врата од Торино, а се пожали дека методите на работа во „Старата дама“ се причина за неговите чести повреди.

Италија

30 годишниот Арон Ремзи сигурно сака да ја заборави авантурата во дресот на Јувентус, авантура која барем досега помина низ негативна конотација, а сето тоа проследена со низа повреди на Велшанецот.

Во Италија наведуваат дека Ремзи би можел да си замине од редовите на „Старата дама“ уште во јануарскиот преоден рок, меѓутоа само под еден услов.

Како што пишува „Калчомеркато“, Јувентус нема ништо против раскин на договорот со фудбалерот со обостран договор, меѓутоа без притоа фудбалерот да побара обештетување за едно такво сценарио.

Актуелниот договор на Ремзи со Јувентус истекува во јуни 2023 година.