24фудбал

Гвардиола по коментарите на Стерлинг: Зошто Марез или Кансело не се жалат?

На 26 годишниот крилен напаѓач му преостануваат уште 18 месеци од неговиот актуелен договор со „Граѓаните“, а извесно е дека е на излезна врата од Манчестер.

Англија

Рахим Стерлинг отворено призна дека би си заминал од Манчестер Сити доколку постои можност за такво сценарио, а за да има поголема минутажа, тој јасно наведе дека не ја исклучува можноста да игра вон Премиерлигата.

Стерлинг полека се подготвува за заминување од Манчетер Сити: Би можел да играм надвор од Англија

Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја прими пораката, а тој директно му порача на Стерлинг дека вратата од клубот е отворена за секој кој посакува да си замине.

Некои фудбалери се жалат бидејќи сакаат да играат постојано, не можам да им го ветам тоа, во повеќе наврати разговарав со повеќето од нив на оваа тема, тие секогаш својот збор треба да го оставаат на теренот, а ова не се однесува само на Стерлинг, туку и на сите останати“ изјави Гвардиола на денешната пресконференција пред дуелот со Барнли на домашен терен во осмото коло од Премиерлигата.

Рахим е наш фудбалер, се надевам дека и натаму ќе продолжи да игра значајна улога во тимот, не знам дали тој сака да има поголема минутажа од Марез, кој не игра редовно и воопшто не се жали за тоа, или Кансело, за кого постои истиот случај“ додаде тој.

Тоа што јас го посакувам од Стерлинг и сите останати е да бидат среќни и задоволни во клубот, а доколку не е така, во тој случај тие се слободни да си ја донесат најдобрата одлука за себе како фудбалери, но и своите семејства“ нагласи Гвардиола.