24фудбал

Клоп: Навивачите на Њукасл ќе се радуваат, а ние во тој клуб ќе гледаме како фудбалска велесила

Германскиот фудбалски стратег случајот со клубот од „Сент Џејмс Парк“ го спореди како оној со Суперлигата, проект против кого тој категорично застана против веднаш штом истиот се обзнани за јавноста.

Англија

Њукасл ќе биде фудбалска суперсила, или велесила, смета шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп, кој го коментираше купувањето на Премиерлигашот од страна на конзорциумот од Саудиска Арабија.

Што ќе значи сево ова за фудбалот? Пред неколку месеци имавме масивен проблем во светот на фудбалот со тоа што 12 клубови се обидоа да креираат Суперлига“ рече Клоп.

Тоа не се случи, но, сево ова сега е креирање на „Супер тим“, би рекол дека ситуацијата е идентична, ќе имаат загарантирано место во Лигата на шампионите, тоа секако нема веднаш да се случи, но дефинитивно за неколку сезони“ додаде Германецот за време на пресконференцијата во пресрет на утрешното гостување кај Ватфорд во осмото коло од Премиерлигата.

Начинот на кој што се користи финансискиот фер плеј во денешниот фудбал е помалку спорен, никој не знае точно дали се уште егзистира тоа правило, на навивачите на Њукасл сево ова ќе им се допаѓа, а за нас ова значи дека во Њукасл гледаме како фудбалска велесила, не можам да одбегнам тоа да го коментирам, парите не можат да купат се’, но со текот на времето тие ќе имаат доволно финансиски средства за неколку погрешни одлуки, а потоа да ги донесат вистинските за да бидат онаму каде што посакуваат да бидат“ нагласи предводникот на „Редсите“.

Колку што сум јас упатен, станува збор за третиот клуб досега кој е во сопственост на една држава, не сум сигурен колку држави имаат финансиска моќ и интерес да го сторат истото“ подвлече Клоп.