24фудбал

Комичен лапсус: Лапорта го помеша Педри со Меси (ВИДЕО)

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта на денешната промоција на новиот договор на Педри, направи комична грешка откако младиот фудбалер го помеша со Меси.

Шпанија

Педри синоќа стави потпис на нов договор со Барселона со трајност до 2026 година. А денеска се одржа свечената промоција пред медиумите.

Во говорот за Педри, Лапорта ги насмеа присутните откако го помеша Педри со Меси.

„Се сеќавам дека му потпишав дрес на Педри кога тој беше мал. Како се менуваат работите. Сега оној кој потпишува е тој. Се сеќавам тогаш во Тенерифе бевме во една црква, дури и попот беше за Барселона, што беше навистина спектакуларно. Не ме чуди што Меси..., извинете Педри, не ме чуди што Педри исто така ја сакаше Барселона сега станува лидер. Ова е историски ден и затоа сум многу возбуден. Ова момче си го исполни сонот од детството. Тоа го направи благодарение на својот труд, талент и обрина. Клаузулата е милијарда евра, но Педри вреди многу повеќе“, изјави Лапорта.