24фудбал

Демба Ба раскажа како го ставиле во гепек за да потпише со Вест Хем

Сенегалецот Демба Ба во разговор со Атлетик расакажа како пријател го возел во гепек за да потпише со Вест Хем, „чеканите“ не сакале медиумите да донзнаат за трансферот, па се решиле на еден необичен чекор.

Англија

Демба Ба минатиот месец реши да ги обеси копачките на ѕид. Откако се промовираше во Хофенхајм, неколку клубови од Премиерлигата пројавија интерес за неговите услуги во јануари 2011 година.

На крајот, Вест Хем успеа да ја добие битката, „чеканите“ сепак не сакале медиумите да дознаат за трансферот, па се одлучиле на еден необичен чекор.

Во разговор со Атлетик, Демба Ба раскажа како пријател го возел во гепек за да потпише со клубот од Лондон.

„Ми рекоа дека не сакаат новинарите да дознаат за трансферот, па ги послушав. Гепекот не беше голем, на секоја кривина си ја удирав главата“  - открива напаѓачот.

Неговата авантура во Вест Хем траеше само шест месеци, тој не помогна „чеканите“ да обезбедат опстанок, но добрите игри му обезбедија трансфер во Њукасл, а 18 месеци подоцна заврши во редовите на Челси.