24фудбал

Официјално: Тричковски го продолжи договорот со АЕК Ларнака

Тоа што беше и претходно најавено, сега е официјализирано, Иван Тричковски стави потпис на нов договор со кипарскиот клуб.

Македонија

АЕК Ларнака потврди дека го продолжува договорот со Иван Тричковски до 2024 година.

Македонскиот фудбалер таму е од 2016 година и не се исклучува можноста таму да ја заврши и кариерата.

Тој е капитен на кипарскиот состав и најдобар стрелец во историјата на клубот, веќе има постигнато 119 голови, од кои 89 во кипарското првенство.