24фудбал

Сколс: Солшер треба да добие шанса уште една година за да докаже дека може да освои трофеј

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс му дава поддршка на својот поранешен соиграч, Оле Гунар Солшер велејќи дека клубот треба да му даде шанса уште една година за тој да почне да носи титули.

Англија

Солшер никако да освои титула со Манчестер јунајтед и покрај тоа што има многу посилен состав од оној кој го имаше Жозе Мурињо. Се поголем дел од навивачите на Јунајтед сфаќаат дека не можат да освојуваат титули со Норвежанецот, но има многу и кои веруваат дека тој е вистинскиот тренер за нив.

Сколс не штедеше критики на времето кон Мурињо со кој Манчестер јунајтед ги освои единствените трофеи по заминувањето на Сер Алекс Фергусон, но Англичанецот верува дека на Солшер треба да му се даде уште време.

„Мислам дека тој заслужува шанса. Беше шокантно кај беше Манчестер јунајтед пред тој да дојде. Беше тешко за гледање“, вели Сколс.

„Му требаа 2-3 години да го изгради тимот, да ги донесе парчињата од сложувалката, да ги стави во вистинска насока“.

„Имаше многу возбудливи мечеви на почетокот од сезоната, победите над Њукасл (4-1) и Лидс (5-1), последните два меча беа разочарувачки (Астон Вила и Евертон), но мислам дека заслужува шанса“.

„Изгради состав и треба да му се даде уште една сезона, најмалку оваа сезона до крај, за да покаже дека може да донесе трофеј“.