24фудбал

Шпанскиот фудбалер Хесе Родригез, прегазен со автомобил од својата девојка! (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хесе Родригез кој не ги исполни очекувањата на стручњаците, имаше несекојдневен инцидент.

Шпанија

Приватниот живот на Хесе постојано е во хаос, имаше многу девојки, неколку бракови, повеќе скандали, а сега излезе нов.

На концерт во „Гран Канарија Арена“ имал кавга со девојката, а таа од бес го прегазила со автомобил. 

Таа го удрила по нога. На социјалните мрежи се појави видео како веднаш по ударот пријателите му помагаат на Хесе да се движи.

Во моментов Хесе е член на Лас Палмас отако беше избркан од ПСЖ по скандалот дека тогашната девојка ја изневерувал со нејзината најдобра другарка.