24фудбал

Милан е пред Арсенал во трката по Ноа Ланг

Милан и Арсенал се во трка за холандскиот напаѓач Ноа Ланг кој настапува за Клуб Бриж, неговата цена во моментов е 30 милиони евра.

Италија

Според белгиските медиуми, во трката се приклучува и Лидс, но Милан останува прв кандидат за неговиот потпис.

22-годишниот Ланг овој месец имаше деби за сениорската репрезентација на Холандија.

Тој може да игра како централен напаѓач, но и како лево и десно офанзивно крило.

Неговиот договор со Клуб Бриж е со трајност до јуни 2025 година, па белгискиот клуб нема намера да го продаде евтино.

Неговата цена постојано се зголемува, а во моментов се верува дека таа изнесува 30 милиони евра.

Во досегашниот дел од сезоната Лонг има четири гола и четири асистенции во 13 мечеви.

Тој беше дел од академиите на Феенорд и Ајакс, се пресели во Твенте, а од таму направи трансфер во Клуб Бриж.