24фудбал

Стерлинг полека се подготвува за заминување од Манчетер Сити: Би можел да играм надвор од Англија

Гласни се шпекулациите дека Рахим Стерлинг ја игра последната сезона во Маначестер Сити и реални се шансите неговиот клуб да биде надвор од Англија.

Англија

Стерлинг полека го губи местото во тимот на Гвардиола, тој е свесен за својата ситуација и подготвен е да си замине од Манчестер Сити.

„Доколку има опција да заминам на некое друго место за да имам поголема минутажа, отворен сум за тоа. Отсекогаш сум мислел дека еден ден би можел да заминам во странство и да видам како е да се игра надвор од Премиерлигата“, изјави цтерлинг за Гардијан.

„Во меѓувремем вообичано работам во Сити, го правам тоа што треба да го правам. Јас сакам да играм натпревари и да постигнувам голови. Доколку не го правам тоа не сум среќен, потребно ми е да давам голови“.