24фудбал

ПСЖ и да му го понуди целото злато во светот, Мбапе нема да се предомисли, заминува од Франција

Шпанскиот весник „АС“, тврди дека од извори од францускиот клуб дознава дека одлуката на Мбапе за заминување од ПСЖ е конечна и ништо не може да го предомисли.

Франција

ПСЖ се уште се надева дека може да го убеди Мбапе да потпише нов договор, но „АС“ тврди дека нема шанси тоа да се случи.

Шпанскиот весник се консултирал со извор од ПСЖ за ситуацијата ана Мбапе, а од таму го добиле следниот одговор: „Мбапе ја донесе одлуката и таа нема врска со парите. Тој нема да го продолжи договорот и за целото злато во светот. Неговата одлука е донесена пред подолго време и ништо нема да ја промени. Тој сакак да успее во Реал Мадрид и ќе го направи тоа. Само ќе почека до 30 јуни за да му се оствари сонот“.

Од друга страна пак „Ла Парисиен“, тврди дека ПСЖ наскоро ќе му достави нова понуда на Мбапе. Тие можат да му понудат повеќе од 50 милиони евра по сезона по што фудбалерот би можел да се предомисли.

Јасно е само дека ПСЖ до последен момент ќе се обидува да го предомисли Мбапе.