24фудбал

Роџерс не е заинтересиран за преземање на кормилото на Њукасл

Долга е листата на фудбалери кои се поврзуваат со Њукасл како засилувања уште во јануарскиот преоден рок, меѓутоа иста е ситуацијата и во однос на можниот наследник на Брус.

Англија

Актуелниот предводник на Лестер, Брендон Роџерс наводно ставил дознаење дека нема никакви интенции за преземање на кормилото на Њукасл кој во Конзорциумот од Саудиска Арабија по автоматизам доби и богата каса.

Се шпекулира дека прашање е само на време кога Стив Брус ќе добие отказ на клупата на Њукасл, а освен Роџерс, се споменаа уште и Френк Лампард, но и Стивен Џерард, а се верува дека Антонио Конте не е заинтересиран во ваква фаза да го предводи клубот од „Сент Џејмс Парк“.

„Скај Спортс“ наведе дека Роџерс дефинитивно е вон игра за клупата на Њукасл, а тој е наводно среќен во тимот на Лестер, верува дека претстојат уште многу достигнувања со „Лисиците“ во периодот кој претстои.