24фудбал

„Големата понуда на Манчестер јунајтед до Пол Погба е знак за очајност“

Актуелниот договор на 28 годишниот фудбалер од средниот ред на „Црвените ѓаволи“ истекува идното лето, за него интерес имаат пријавено Реал Мадрид и ПСЖ, а се споменува и Јувентус.

Англија

Последната богата понуда на Манчестер јунајтед до Пол Погба за нов договор на францускиот интернационалец е знак за очајност, тврди поранешниот фудбалер на „Црвените ѓаволи“, Пол Инс.

Сево ова е знак за очајност од страна на Манчестер јунајтед со понудениот договор“ рече Инс во изјавата за „ЈунајтедСтенд“.

Очигледно е дека тие се обидуваат да го убедат да потпише нов договор, тоа е богата понуда за некој што имал променлива форма“ додаде тој.

Погба беше на клупата за резерви пред две седмици против Евертон, а потоа вие велите: Ок, еве ти неделна плата од 400 илјади фунти. Доколку му понудувате таков богат договор, тој треба да игра постојано, а тоа не го гледаме од Погба секој натпревар“ заклучи Инс.