24фудбал

Роналдо: Зарем треба да има дилеми околу тоа кој да ја освои Златната топка?

Церемонијата околу доделувањето на Златната топка ќе се одржи на 29 ноември годинава, а поранешниот легендарен бразилски фудбалер нема дилеми во својот избор.

Останато

Познато е дека Карим Бензема секогаш бил фан на легендарниот РОнладо Назарио, а за тоа дека е така Французинот секогаш гордо потврдувал во јавноста.

Обајцата го носеа дресот со број „9“ во Реал Мадрид, а Бензема се уште ја има таа привилегија, а доби максимална поддршка од својот идол во однос на тоа кој би требало да ја освои Златната топка.

Без никакво сомнение, мојот прв кандидат за Златната топка е Карим Бензема“ рече легендарниот Роналдо.

Најдобриот напаѓач во светот, игра на едно неверојатно ниво цели десет години, тој е вистински шампион, ја заслужува наградата, зарем не сметате дека е така?“ додаде Бразилецот.