24фудбал

На Њукасл му го препорачуваат Мурињо за нов тренер

Антонио Конте се споменуваше како можен нов тренер на Њукасл, меѓутоа наводно тој не е заинтересиран во овие моменти, а Мурињо веќе има договор со Рома со важност до 2024 година.

Англија

Поранешниот фудбалер на Лидс и Манчестер Сити, Дени Милс му го препорача Жозе Мурињо на Њукасл за нов тренер, ако се земе во предвид дека актуелниот Стив Брус се соочува со отказ.

Доколку говориме за голем буџет за склопување на силен тим, а истиот да биде успешен низ годините, јас би почнал со Мурињо“ порача Милс во изјавата за „ТолкСпорт“.

Како што е познато, Њукасл доби нови сопственици во Конзоцриумот од Саудиска Арабија, односно газди со непроценливо богатство, па така се најавуваат и звучни засилувања уште во јануарскиот преоден рок.

Доколку му дадете на Жозе доволно финансиски средства и му дадете одврзани раце да прави тоа што тој го посакува со тој буџет, во тој случај тој ќе ви испорача резултати побрзо од било кој друг“ додава Англичанецот.

Њукасл може да оди полека и да ја преживее сезонава, но наредната да заврши во првата полофина на табелата, а веднаш потоа и во топ шесте екипи“ заклучи Милс.