24фудбал

Бешикташ вчера негираше, денеска потврди дека имале средба со Вардар!

Бешикташ се негираше сам себе, откако синоќа демантираше дека оствариле соработка со Вардар, а денеска потврди дека сепак имало средба.

Македонија

Пред неколку денови Вардар се пофали дека започнале соработка со Бешикташ.

„Шефот на скаутинг службата на фудбалскиот гигант од Турција Бешикташ Бајрам Билим го посети ФК Вардар и оствари средба со раководството на клубот, на која се договори долгогодишна соработка помеѓу двата клуба“, информираа тогаш од Вардар.

Вчера Бешикташ објави демант на веста на Вардар и ги повика своите навивачи да не обрнуват внимание на такви невистинити информации, но денеска турскиот клуб има друго соопштение.

„Бајрам Билим, главниот скаут на нашиот тим го посети клубот Вардар, еден од македонските клубови. Билим разговараше и размени искуство со раководството за време на посетата, гледаше еден тренинг на првиот тим на Вардар, откако претходно го разгледа тренинг кампот на клубот“, се вели во новото соопштение на Бешикташ.