24фудбал

Роберто Карлос ќе биде нов селектор на Косово?

Косово синоќа му врачи отказ на Бернар Шаланде и е во потрага по нов селектор, се верува дека изборот паднал на Роберто Карлос.

СП 2022

Поразот од Грузија му пресуди на Шаланде, па Косово во наредниот период ќе добие нов слектор.

Како прв фаворит се споменува легендарниот Роберто Карлос.

Негова маана е тоа што последен тренерски ангажман му е во 2015 година кога го водеше индискиот Делхи, претходно беше тренер на турските екипи Акишарспор и Сиваспор.

Во игра се и Феликс Магат и Валтер Зенга, но прво се чека одговорот од Роберто Карлос.