24фудбал

Агуеро: Еден другар почина, друг заврши во затвор, трет го бара полиција...

Кун Агуеро проговори за животот во Лос Екалиптос (населба во околината на Буенос Аирес), открива дека тешко се успева во таква средина и немаат сите среќа како него.

Шпанија

Напаѓачот на Барселона седна на разговор со новинарите од Шпанија и отворено говореше за многу теми. Едно од прашањата беше за населбата во која пораснал и животот во Лос Екалиптос.

„Последен пат бев таму кога имав 16 години. Кога прашав за децата со кои се дружев, едниот беше починат, друг завршл во затвор, трет го бараше полицијата. Беа 15-16 годишни момчиња. Се уште сум во контакт со дел од пријателите, разговараме од време на време“ - вели Кун Агуеро.

„Животот таму е многу поразличен, таму е друг свет. Тешко се успева таму. Точно е дека живеат сомнителни ликови, но има и многу вредни луѓе кои го сакаат само најдоброто за себе и своето семејство“.

„За да успеете во такво место, треба да имате талент и многу среќа. Потребно е некој да ви помогне. Јас имав среќа што мојот татко познаваше човек кој работеше во Индепендиенте. И секоја година му се качував на глава за да ме однесе на проба. Да не беше тој, тешко дека ќе добиев шанса“.