24фудбал

Барселона се уште му должи 42 милиони евра на Ливерпул за трансферот на Кутињо

Барселона се бори со долговите создадени од минатото, а според каталонското радио СЕР, тие се уште должат пари за трансфери од минатото.

Шпанија

Најголем пример за тоа е Кутињо, Барселона му должи на Ливерпул уште 42 милони евра од вкупно 160 милиони евра колку што беше договорен овој трансфер во јануари 2018 година.

Вкупниот долг кој Барселона го има кон други клубови за веќе направени трансфери е 115 милиони евра.

Добрата вест е што ги имаат исплатено трансферите на Дембеле и Гризман, тоа се другите два мега зделки кои ги реализираа во изминатите години.