24фудбал

Класата е вечна: Дрогба на 43 години потсети на своите голгетерски способности (ВИДЕО)

Поранешниот напаѓач на вкупно 497 натпревари во својата кариера на клупски план успеа да постигне 210 погодоци, а докажа дека се уште не заборавил како се тресат мрежите.

Останато

Дидие Дрогба во 2018 година се пензионираше од професионалното играње фудбал, меѓутоа тој на добротворен натпревар во дресот на Олимпик Марсеј потсети на својата умешност во однос на голгетерските способности.

Поранешниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска беше дел од тимот на легендите на Олимпик Марсеј, кој ги одмери силите против тимот на УНИЦЕФ предводен од Арсен Венгер.

Дрогба постигна хет-трик во победата на неговата екипа од 7-4.